Волмарт ја продава Асда за 8,8 милијарди долари
- Британските милијардери, браќата Иса и приватната инвестициска групација ТДР Капитал се согласија заеднички да го купат британскиот ланец супермаркети „Асда“ од американската компанија „Волма
Лондон, 2 октомври 2020 (МИА) – Британските милијардери, браќата Иса и приватната инвестициска групација ТДР Капитал се согласија заеднички да го купат британскиот ланец супермаркети „Асда“ од американската компанија „Волмарт“ за 8,8 милијарди долари.
Договорот ќе им овозможи на Мохсин и Зубер Иса, кои пред речиси две децении ја основаа ЕГ Групацијата, оператор на бензински пумпи, да ја вратат Асда во сопственост на Велика Британија за првпат од 1999 година, кога Волмарт ја презеде компанијата за 6,7 милијарди фунти.
Новите сопственици сакаат да го поттикнат растот на овој трет по големина британски ланец супермаркети, преку проширување на своето присуство преку помалите соседни продавници кои ќе ги додаде на својот голем формат на супермаркети, за да се усогласат со конкурентите Теско и Сајнсбери.
Волмарт ќе задржи одреден удел во капиталот, ќе ги задржи тековните трговски односи и место во одборот, додека британскиот ветеран во малопродажба Роџер Барнли ќе остане на чело на Асда.
Новите сопственици ќе инвестираат повеќе од милијарда фунти во Асда во следните три години за да ги задржат ниските цени и да ги заштитат своите синџири на снабдување.
Британскиот министер за финансии Риши Сунак го поздрави договорот за Асда, кој ќе го задржи своето седиште во Лидс, во северниот дел на Англија. јт/