• вторник, 24 декември 2024

Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Волгоград, 29 јули 2024 (МИА) - Во железничката несреќа што се случи денеска во близина на рускиот град Волгоград, кога воз се судри со камион и излета од шините, според прелиминарните информации, повредени се 100 лица, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм канал 112.

Руска новинска агенција наведува дека се превртеле осум вагони.

Други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан