• сабота, 23 ноември 2024

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир
Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година по Јулијанскиот календар (1 јануари).
Бигорскиот манастир соопшти дека „Чалгија Мерак“ во соработка со Бигорското братство, веќе подолго време работат на возобновување на коледарски песни, или каланди. Некои од нив од пред неколку години се возобновени во соработка со здружението Бадникови поворки. 
- Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Народот порано имал обичај да се собере на овој ден за да отпее каланди пред владиката, пред градските првенци, чорбаџиите и на тој начин да му даде важност и духовно, православно значење на големите празници, информира Бигорскиот манастир. хс/лв/

 

Остани поврзан