• четврток, 26 декември 2024

Возниацки ја заврши кариерата со пораз и солзи во очите (видео)

Возниацки ја заврши кариерата со пораз и солзи во очите (видео)
Мелбурн, 24 јануари 2020 (МИА) - Поранешната тенисерка бр.1 на светот, Каролина Возниацки го одигра последниот натпревар во кариерата. Ова следеше откако 29-годишната Данка загуби со 5: 7, 6: 3, 5: 7 од Онс Жабур од Тунис во третото коло на Австралија опен. Минатата година, Возниацки објави дека првиот Гренд слем турнир за годинава, кој го освои во 2018 година, ќе биде нејзиниот последен настап како професионален тенисер. Дваесет и пет-годишната Жабур, која во првото коло ја елиминираше 12-тата во шемата на Јоана Конта, а потоа и поранешната број 4 - Гаролин Гарсија, сега ја заврши кариерата на Возниацки, откако пласираше 43 винери за својата победа во Мелбурн. Последниот удар на Каролин во професионалниот тенис беше форхенд кој беше предолг и излезе надвор од теренот. На тој начин, светскста тенисерка број 78 од Тунис се квалификуваше во четвртото коло на Австралија опен за прв пат во својата кариера. По поразот, Каролин Возниацки седна на столот и почна да ги брише солзите при разделбата со тенисот. - Мислам дека помина многу добро што завршив со грешка од форхенд во натпревар од три сета, рече шега Данката на шега. Таа го направи своето деби во професионалниот женски тенис во 2007 година и оттогаш освои 30 титули, вклучувајќи го и Австралија опен во 2018 година. Таа беше рангирана на првото место на светската ранг-листа на 11 октомври 2010 година. За време на нејзината професионална кариера, Возниацки заработи над 34 милиони долари од наградни фондови. https://www.youtube.com/watch?v=2ntZCC7l1zw

Остани поврзан