Возачи во Гостивар, Штип и Ресен возеле под дејство на алкохол и побрзо од дозволеното
- При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Скопје, 19 август 2025 (МИА) - Тројца возачи од Гостивар, Штип и Ресен биле лишени од слобода затоа што двајца возеле под дејство на алкохол, а третиот со брзина поголема од дозволеното, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 23:20 часот во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода 58-годишниот С.С..
- Претходно, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ќ.С., на возраст од 61 година од Гостивар. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта, појаснуваат од МВР.
Денеска во 00:15 часот во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот А.Д..
- При сообраќајна контрола, полициски службеници запреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, што го управувал и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,55 промили алкохол во организмот, додаваат од МВР.
Вчера во 18:15 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека 24-годишниот С.М. управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 102 километри на час, на место каде брзината е ограничена 40 километри на час.
- По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување на моторно возило“, потенцираат од МВР. бд/са/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи