Воени претставници на САД и на Кина разговараа за Тајван, Украина и тензиите во Јужното Кинеско Море
- Контактите меѓу двете страни беа прекинати во 2021 година, бидејќи ескалираа тензиите меѓу САД и Кина поради разликите за прашања како што се суверенитетот на Тајван, КОВИД-19 и економските прашања.
Бангкок, 15 септември 2024 (МИА) - Американски и кинески воени претставници се состанаа во Пекинг за да разговараат за актуелните прашања како што се ситуацијата во Тајван, руско-украинската војна и зголемените тензии во Јужното Кинеско Море, пренесува Бета.
Aмериканската делегација на билатералните разговори за координација на одбранбената политика кои последен пат се одржаа во јануари, ја предводеше Мајкл Чејс, заменик помошник секретар за одбрана за Кина, Тајван и Монголија.
- На состанокот е разговарано и за поддршката на Кина за Русија за време на војната во Украина, како и за активностите на Пекинг во Јужното Кинеско Море, изјавија од американскиот тим.
Состанокот се одржа откако Чејс присуствуваше на форумот Ксианшан во Пекинг, којшто претставува одговор на Кина на дијалогото Шангри-Ла.
Контактите меѓу двете страни беа прекинати во 2021 година, бидејќи ескалираа тензиите меѓу САД и Кина поради разликите за прашања како што се суверенитетот на Тајван, КОВИД-19 и економските прашања.
Иако комуникацијата продолжи откако претседателите на САД Џо Бајден и на Кина Кси Џинпинг се сретнаа во Сан Франциско минатиот ноември, не е јасно дали разговорите би можеле да продолжат бидејќи во Америка наскоро ќе се одржат претседателски избори.са/
Фото: МИА архива