Воена вежба на руски брод во Атлантски Океан
- Руската фрегата „Адмирал Горшков“ имаше воена вежба во Атлантски Океан барајќи подморници со помош на хеликоптери, соопшти денеска Министерството за одбрана

Москва, 25 јуни 2024 (МИА) – Руската фрегата „Адмирал Горшков“ имаше воена вежба во Атлантски Океан барајќи подморници со помош на хеликоптери, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Екипажот на хеликоптерот вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантски Океан, соопшти руското МО на Телеграм.
Фрегатата „Адмирал Горшков“ и нуклеарната подморница „Казан“ на 12 јуни впловија во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високо прецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан. ми/
фото: ЕПА