Водостојот на Вардар зголемен кај Јегуновце, Скопје и Демир Капија
- Нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управ

Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.
Зголемувања на водостоите се измерени и на Брегалница кај Берово и кај Штип, на Бабуна кај Богомила и на реката Струмица кај Сушево.
Пониско ниво од просекот за август има на вливот на Лепенец, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Пчиња кај Пелинце.
Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец август. дма/са/