• среда, 25 декември 2024

Водоснабдувањето во Гостивар е нормализирано, саниран дефектот на водоводната мрежа

Водоснабдувањето во Гостивар е нормализирано, саниран дефектот на водоводната мрежа

Гостивар, 22 март 2023 (МИА) – Прекинот во водоснабдувањето на корисниците во општина Гостивар по повеќе од дванаесет часови е надминат и водоснабдувањето се нормализира, информираат од ЈП „Комуналец“. Причината, како што се наведува во соопштението, е дефект на старата водоводна линија чие санирање траело подолго од очекуваното. Проблемите во водоснабдувањето настанаа вчера претпладне откако дошло до дефект на една од главните водоводни линии.

Од ЈП Комуналец“ појаснија дека дефектот предизвикал неочекуван прекин на водоснабдувањето.

- Процесот на замена на стари азбестни цевки со нови цевки во рамките на проектот СЕКО се одвива во неколку фази, при што се појавуваат различни дефекти кои предизвикуваат прекини на водоснабдувањето, наведоа од ЈП Комуналец.

Во денешното соопштение се појаснува дека во услови на врнежи од дожд нивните екипи интензивно работеле до доцните вечерни часови на санирање на дефектот и восптавување на редовно снабдувањето со вода на целата територија на општина Гостивар.

Како најава дека проблемот ќе се надмине на граѓаните им беше препорачано да не ја користат водата за пиење. По пуштањето на вода во системот, заради хиперхлорирање не е за пиење, туку само за санитарни потреби заради процесот на дезинфекција на системот со хлор. згм/дма/

фото: ЈП Комуналец Гостивар

Остани поврзан