• вторник, 24 декември 2024

„Водовод и канализација“ - Скопје ја отвори можноста за производство на еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи

„Водовод и канализација“ - Скопје ја отвори можноста за производство на еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи
Скопје, 26 февруари 2022 (МИА) -  Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, ја отвора можноста за производство на еко-енергија преку фотоволтаици. За оваа цел, како што појаснија од „Водовод и канализација“ - Скопје, бил направен првиот чекор, измена на статутот на претпријатието, со кој се дава можност за вакви активности и инвестиции. - Измената беше едногласно усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Со ваквата одлука се отвора административна можност за инвестиции во полето на производство на еко енергија, наведуваат од претпријатието. мс/ац/

Остани поврзан