Водата од водоводот Лукар безбедна, се укинува препораката за превривање пред употреба
- Водата од водоводот Лукар е безбедна. Се укинува препораката за превривање пред употреба, донесена пред неколку дена, кога водата се замати поради поројните дождови и топењето на снегот од по

Кавадарци, 13 април 2020 (МИА) - Водата од водоводот Лукар е безбедна. Се укинува препораката за превривање пред употреба, донесена пред неколку дена, кога водата се замати поради поројните дождови и топењето на снегот од повисоките места. Од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, известуваат дека за ова биле информирани од Центарот за јавно здравје.
-Согласно на известувањето, резултатите од анализите на последните земени мостри на вода за пиење од градскиот водовод, покажаа како физичко хемиска, така и бактериолошка исправност на водата. Водата е безбедна за пиење, нагласуваат од комуналното претпријатие. свд/ир