• сабота, 23 ноември 2024

Водата во Струга исправна за пиење

Водата во Струга исправна за пиење
Струга, 22 јануари 2021 (МИА) – Водата од струшкиот водовод може да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид по денешните анализи од повеќе мерни места. Според испитаните физички хемиски и бактериолошки параметри, како што потврди за МИА Центарот за јавно здравје – Охрид, водата во Струга одговара на правилникот за безбедност за вода и е здравствено исправна за користење. Од градскиот водовод во Струга речиси две недели течеше заматена вода, поради обилните врнежи на дожд што го зафатија регионот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелираше да не се користи за пиење, изразувајќи благодарност до населението за разбирањето. сс/мс/

Остани поврзан