Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 51 мерни места во градот.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 51 мерни места во градот.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 14 февруари 2025 година зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. дма/са/
Фото: ЈП „Водовод и канализација“ Скопје