• понеделник, 16 декември 2024

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и  безбедна за пиење, покажуваат резултатите од аналазите што ги изврши  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.11.2023 до 24.11.2023 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат  на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение на „Водовод и канализација“ - Скопје. љм/дма/

Фото:ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Остани поврзан