• четврток, 26 декември 2024

Воведување бесплатно онлајн советување за жени - жртви на семејно насилство

Воведување бесплатно онлајн советување за жени - жртви на семејно насилство

Скопје, 4 октомври 2023 ( МИА) -  Во рамки на советувалиштето на Сојуз - Национален совет за родова рамноправност, покрај бесплатната поддршка која се нуди за жени - жртви на семејно насилство (во форма бесплатна СОС линија, 141-700, достапна 24 часа), како и бесплатно советување со психолог, социјален работник и правен советник со физичко присуство во нашите простории, воведена е нова услуга - бесплатно онлајн советување преку видео или аудио повик.

Како што наведуваат од тимот на НСРР, терминот од 45 минути се закажува преку меил адресата sovetuvaliste@nsrr.org.mk., а целта на сето ова е, проширување на достапноста до сите оние жени  кои имаат потреба од психо-социјална или правна поддршка, а не се во можност физички да го посетат советувалиштето.

-На овој начин сметаме дека ќе влијаеме и на превенција на појавата на семејното насилство во нашето општество, побрза реакција и излегување во пресрет на потребите на жртвите со цел безбедно напуштање на насилната средина и остварување на правото на независен живот ослободен од насилство, велат од НСРР. љм/са/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан