• сабота, 28 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис

ВМРО - ДПМНЕ: Се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис
Скопје, 4 јануари 2021 Вечерва видовме очаен, осамен и арогантен олигарх кој од петни жили се држи за фотелјата, користејќи брутални лаги, притоа непазејќи дека е воочливо дека е контрадикторен самиот со себе. Тој чим зине, веднаш ќе излаже. Наспроти розевите очила и неговите лаги реалноста изгледа вака: Македонија е петта во свет по смртност од КОВИД-19 според Франс прес. Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од Фридом хаус и трета најсиромашна држава на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ. Македонија е најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата Галуп. Заев се расрфла со бројки и призна дека ја лажел јавноста кога велеше дека во преговори со Полска и Австрија ќе обезбеди вакцини против корона. И сега наместо општа вакцинација ќе се вакцинира бројка колку што има жители во едно Злетово. Потоа Заев призна дека директен проблем во разговорите со Бугарија не е само јазикот туку комплетните идентитетски обележја на народот и Македонија. Заев призна дека преговара за идентитетот. Оттука е нејасно зошто Заев се уште преговара кога на маса е идентитетот. Заев е осамен во неговата намера за реформи на наставните програми откажувајќи се од предметот историја што е анациинален потег кој го осудија сите релевантни општествени субјекти. Што се однесува за пописот каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ јасно посочувајќи дека доколку Заев еднострано продолжи да го турка овој фалсификат се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис. Што се однесува до анкетите, Заев може минално да води само на анкети за кои плаќа 33 милиони евра како што беше последно објавената. Вистината е дека Заев драматично ја губи поддршката и е очаен губитник. И сосема на крај, срамно е Заев да говори за пожарот во Струмица говорејќи дека Глобал бил симбол за модерните текови, Глобал може да е само симбол на криминалот на Заев за кој беше амнестиран. А тоа ќе биде и криминалот за кој допрва ќе одговара меѓудругото и за пропустите кои доведоа до пожар. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан