• петок, 05 декември 2025

ВМРО - ДПМНЕ: ДУИ веројатно се чувствуваат поголеми Срби од Србите

ВМРО - ДПМНЕ: ДУИ веројатно се чувствуваат поголеми Срби од Србите

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што според јунговата теорија на себе проекција слободно може да заклучиме дека се чувствуваат самите како поголеми Срби од Србите, дури чувствуваат и изневерување зошто Милош Биковиќ не отишол до Зајас, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА интегрално го пренесува.

И толку се провидни со тезата за српскиот свет, што покажуваат само потценување на сопствениот народ.

Не пијат Албанците нафта од Пуцко петрол за да веруваат во глупостите на ДУИ и необмислените тези.

Албанците се мудри и искусни и знаат да препознаат што е вистина, а што очаен обид на ДУИ да дефокусира од суштинската тема, како раководството на ДУИ од овчари станаа шеици, а притоа албанскиот народ осиромашува и се иселува од државава. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан