• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-НП: Треба да се задржи летното сметање на времето

ВМРО-НП: Треба да се задржи летното сметање на времето
26 октомври 2022  ВМРО-Народна партија во контекст на промената од летно во зимско сметање на времето смета дека треба да се задржи летното сметање, а не како што беше досега праксата со смена на зимско сметање на времето. Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека воопшто промената на летното и зимското сметање на времето е со цел на добивање на еден час повеќе дневна светлина што значи и поголема заштеда на енергијата. Северна Македонија од тој еден час повеќе дневна светлина досега доброволно се откажуваше и покрај тоа што географската позиција ни овозможува без проблем да го имаме тој час повеќе дневна светлина. Но со оглед на актуелната енергетска криза која владее во Европа и во Северна Македонија сметаме дека овој пат тој луксуз не треба да си го дозволуваме. Значи останувањето на летното сметање на времето за македонските граѓани значи еден час повеќе дневна светлина и еден час заштеда на енергетски трошоци што е исклучитечно важно во овој временски период.   ВМРО-Народна партија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан