• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ:Заев и власта вршат притисок врз ДИК

ВМРО-ДПМНЕ:Заев и власта вршат притисок врз ДИК
Скопје, 21 мај 2020 Тврдењето на претседатeлот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски дека ДИК е предмет на притисоци укажува дека имаме работа со власт која сака нерегуларни избори. Воедно изворот на таквите притисоци може да е еден и единствен, а тоа е власта во заминување и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува сите форми на притисок врз ДИК од страна на Заев и власта. Бараме да ги тргнат рацете од институцијата и да ја остават да работи и одлучува согласно закон. Прво вршеа поткуп на гласови, Заев и неговиот брат Вице, а сега вршат притисок врз ДИК за нерегуларни избори. Граѓаните мора слободно и демократски да ја изразат својата волја, престојните избори се пресудни за нашата европска иднина. Изборите и изборниот процес мора да бидат спроведен соогласно законите, а на Државната изборна комисија да и биде дадено потребното време за да не се ускрати со устав загарантираното гласачкото право на ниту еден граѓанин. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан