• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по шест месеци не признава дека е неспособен да се справи со КОВИД-19

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по шест месеци не признава дека е неспособен да се справи со КОВИД-19
Скопје, 1 октомври 2020 Министерот Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт. Пред стартот на работа на градинките проблеми, по почетокот на работата секојдневно броиме заразени деца и персонал од градинките. Учебната година ги изненади, па ја одложија за први октомври и пак проблеми. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол. Погрешните и лоши политики на Филипче ја направија Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко. Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица. Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните. Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан