• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 1000 дена шуруваат со Арсовска, тие се виновни за хаосот во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 1000 дена  шуруваат со Арсовска,  тие се виновни за хаосот во Скопје

Скопје, 15 август 2024

СДС 1000 дена шуруваат со Арсовска, делат тендери и и гласаат завршни сметки, тие се виновни за хаосот во Скопје.

1000 дена, над 100тина милионски тендери поделија СДС и Арсовска. 

Над 27 милиони евра набавка на дизел гориво за ЈСП од Пуцко петрол без рабат ја круниса љубовта меѓу Арсовска и СДС. За да пројде овој тендер Арсовска за директор на ЈСП постави човек на СДС.

Милиони од ЈСП завршија кај фирми блиски до СДС, истото е и со сите други јавни претпријатија, тендерите се мотивот за кој СДС и гласаат завршни сметки на Арсовска.

СДС ја одржува Арсовска на функција, за да можат заедно да крадат. Народот го гледа тоа и ќе ги казни. За 400 дена од сега ќе можат да се дружат заедно во опозиција, а Скопје ќе оди напред, и ќе бидат надминати сите штети направени од СДС и Арсовска.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан