• вторник, 26 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“

ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги продолжи средбите со граѓаните во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. 

Според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска, која денеска беше во посета на општина Теарце, народот јасно гледа оти состојбата е неподнослива со уништената економија

-Доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот Владата на СДСМ и ДУИ, рече Димитриеска Кочоска. 

Според Димитриеска Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски средби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени.

-Јасно е дека уставни измени нема да има и заради тоа нема потреба од лидерски средби доколку се прават само за маркетинг потреби. Потребно е да се седни и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случи по неуспехот од уставните измени, истакна таа.

Потретседателката Димитриеска Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на граѓаните за развој во економијата, притоа зачувувајќи го македонскиот идентитет и токму поради тоа граѓаните бараат предвремени избори.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ги посети кривопаланечките населени места Луке, Узем, Жидилово, Дурачка река и Станци од каде истакна дека и таму како и во цела Република Македонија граѓаните живеат тешко, но импулсот на народот кажува дека на ваквата неспособна власт и доаѓа крајот.

-Епската неспособност се одликува и на централно ниво, каде што имаме премиер кој што е неспособен сам да отиде на лидерска средба, туку му е потребен некој да му го чува грбот, истакна Петрушевски.

Тој, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го слуша гласот на народот чиј импулс кажува дека за многу скоро на Република Македонија ќе и се случат сериозни промени и власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари. ев/

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан