• вторник, 26 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да бара аплауз Заев треба веднаш да си ја поднесе оставката

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да бара аплауз Заев треба веднаш да си ја поднесе оставката
Скопје, 9 ноември 2021 Аплауз за Заев е доказ дека тие околу него се отсутни од реалноста. Се прашуваме за што му аплаудираат, за инфлацијата, за поскапувањето на струјата, за пожарот во РЕК Битола или тоа што нема струја или за тендерите со кои партал ја направи државата? Дали можеби му аплаудираа на Заев за немањето одговорност за 14-те изгорени во модуларната во Тетово или за 500 заболени од ковид дневно и што сме со во врвот со највисока стапка по починати во светот? Дали му аплаудираа на Заев за тоа што сме најлоши по корупција на 111 место во светот или што сме прогласени за хибриден режим? СДСМ да појаснат за што точно е аплаузот за Заев. Отсуството од реалноста на СДСМ се гледа и по тоа што во криза дотерани во скапи автомобили се појавија да му дадат аплауз на Заев откако ги предводеше во катастрофален пораз и бега од одговорност и ветениот збор. Лажгото Зоран Заев повторно не си достои на зборот. 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да денес го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал. Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да си ја поднесе оставката. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан