• петок, 08 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: МОН ќе распише оглас за образовни асистенти, поголемиот дел од нив со несоодветна струка

ВМРО-ДПМНЕ: МОН ќе распише оглас за образовни асистенти, поголемиот дел од нив со несоодветна струка
Скопје, 4 август 2022 МОН најавува 720 образовни асистенти од септември и во најава објавување оглас за нивно ангажирање. Соопштуваме дека идните образовни асистенти, а и голем дел од постоечките се со несоодветна струка и со тридневен курс за работа со деца со посебни потреби. Прашуваме дали и овој потег на ненародната власт на СДСМ и ДУИ, наместо да биде искрен гест на грижа, всушност претставува метод за зголемување на гласачката армија за претстојните избори? Методите на притисоци, заради уставното право на работа, веќе на сите им се познати. Дополнително Власта прави невозможни комбинации. Од една страна намалуваат часови на лица на неопределено време, а од друга страна им се нуди ангажирање на определено време на невработени наставници. Наставниците ангажирани како образовни асистенти ја губат можноста за вработување на неопределено по својата струка (одделенски, предметни). На сите ли наставници ќе им ја менуваат струката? Тогаш нека ја затворат катедрата за дефектолози! Нека ја затворат и катедрата за наставници за странски јазици бидејќи преведувачите ги вметнаа во закон за наставници. Сѐ што реформираа целосно деформираа! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан