ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, Левицата и ССМ се потврди, без никаква анализа и аргументи носат популистички предлог-мерки
- Прес-конференцијата на Филипче е доказ за коалицијата меѓу СДС, Левицата и ССМ. Дополнително, ниту има технички спремен закон, ниту има предлог-решение како би го спровел тој закон, ниту знае колку финансии би биле потребни за овој закон што го предлагаат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 29 јануари 2026
Прес-конференцијата на Филипче е доказ за коалицијата меѓу СДС, Левицата и ССМ. Дополнително, ниту има технички спремен закон, ниту има предлог-решение како би го спровел тој закон, ниту знае колку финансии би биле потребни за овој закон што го предлагаат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Навистина е срамно, лицемерно и некоректно од Филипче и од СДС да излегуваат со популистичка мерка - 600 евра минимална плата, но на следното прашање - тој нема одговор.
Човекот кој има вила во Нерези, стан во Дубаи, подарок „ауди“ од фирма на која ѝ доделил тендер, земјиште со фотоволтаици во Дојран, фирми на негово име и на членови на неговото семејство, кој не успеа да се справи со ковид-кризата и со енергетската криза, дели памети што требало да се направи за граѓаните.
Било што било, граѓаните навремено ја прочитаа нечесната намера на Филипче и на СДС, затоа и се партија со 130.000 гласа. Доброто за граѓаните е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се покачуваат платите и пензиите, се работи на инвестиции и подобар и поквалитетен живот за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива