• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За три години од несреќи загинаа 75 наши сограѓани, не е расветлен ниеден случај и нема одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: За три години од несреќи загинаа 75 наши сограѓани, не е расветлен ниеден случај и нема одговорност
 13 февруари 2022 За три години, се случија 3 големи несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај, и за ниту еден нема политичка и вистинска кривична одговорност. Пред три години во автобуската несреќа загинаа 16 наши сограѓани. Минатата година во Тетово живи изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница за кои СДСМ, Филипче и ДУИ не убедуваа дека е поради прегреан кабел . Пред неколку месеци 45 лица загинаа во автобуската несреќа во Бугарија која се случи преку компанијата милениче на ДУИ и СДСМ Беса Транс која работела без потребните дозволи и  незапазувајќи ги процедурите. Во сите овие три случаи нема никаква политичка одговорност, ниту кривична одговорност, а вината се префрла на погинатите затоа шпто тие не може да зборат. Несреќата во Ласкарци е доказ дека системот не функционира и дека нема спроведување на правдата.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан