ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор
- СООПШТЕНИЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави" дипломатијата не може да зборува за надворешна политика
Скопје, 5 јули 2025
Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави" дипломатијата не може да зборува за надворешна политика.
Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор не може да зборува за дипломатија.
Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи.
Жерновски е уште еден потрчко на патлиџан дипломатијата на Заев, кои ја сфаќаа дипломатијата како ,, Бојко љубави, имаш поздрави од Зоки".
Жерновски глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата, ,, еден народ, две држави".
СДС пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој, на национален план.
СДС ги урна Македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија.
СДС е директно виновен за се негативно на дипломатски план.
А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе една година поправа грешки од СДС и ниже успеси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива