• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Еколошката такса ќе ја плаќаат граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Еколошката такса ќе ја плаќаат граѓаните
Скопје, 30 јуни 2021 СДСМ удира по џебот на народот, еколошката такса ќе ја плаќаат граѓаните. Безобразно е СДСМ да ја правда дупката во буџетот од крадење со еколошка такса, па згора на тоа да ја претставува како европска мерка и да ја носи по скратена постапка со европско знаме во собрание. Еколошката такса е чист кризен данок и начин да се соберат 54 милиони евра од граѓаните за да се покрие украденото од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има сосема поинаков план за стимулирање на зелената енергија преку еколошката такса која ја плаќа РЕК Битола и сите други правни лица, како и преку европски пари од фондови и грантови, кои СДСМ не знае како да ги искористи. Народот плаќа заради неспособноста и криминогеноста на СДСМ. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан