• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дали владата ќе го разреши или ќе се огради од Азири?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали владата ќе го разреши или ќе се огради од Азири?

28 јуни 2022

Наместо осуда за денешното насилие од страна на Арбр Адеми од СДСМ и ДУИ, вечерва повторно гледаме закани од високи државни функционери на власта.

Вечерва  државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири јавно порача  дека ќе кршеле коски на пратеници.

Повторно молк од страна на оваа ненародна власт. Нема ниту осуда за државниот функционер, ниту пак најава за разрешување од функцијата, ниту оградување од изјавите на Азири.

Од ова јасно се гледа дека токму тие, СДСМ и ДУИ се креатори на насилството во Собранието, се со цел дефокус на јавноста од тајните преговори во Софија.

Молк и од страна на најповиканиот Димитар Ковачевски, како прв во извршната власт за заканите и говорот на омраза на функционерите од власта.

Повторно Ковачевски ќе глуми изненаден и работите ќе ги дознава од медиумите и нема да побара одговорност, како и многу пати до сега.

Ова насилство кое денес се случуваше во Собранието, ниту јавните закани на бандите на ДУИ и СДСМ нема да не исплашат.

Јасно им е на луѓето од власта дека крајот брзо им доаѓа, па затоа во паника и страв се закануваат, навредуваат и физички се пресметуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан