• петок, 08 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара писмен доказ од Владата дека службениците на СОЗР не патувале како новинари во Софија

ВМРО-ДПМНЕ бара писмен доказ од Владата дека службениците на СОЗР не патувале како новинари во Софија
Скопје, 25 мај 2022  Почитувани, Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари. Шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата на РМ никаде не било изгласано  дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано  само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите. Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата  како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари? Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок. Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ. Во време на сериозна економска криза, нерационално трошење на непродуктивни трошоци, ниско ниво на капитални инвестиции, немање идеја и визија како да се решат проблемите на граѓаните, немање идеја и визија како да се заштити стандардот на граѓаните од вртоглавата инфлација, но затоа Владата на СДСМ се професионалци и махери за скандали. Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците. Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал. Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал. Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан