• сабота, 21 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје

Скопје, 28 ноември 2024 

Данела Арсовска не само што неуспешно  се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува.

Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон.

Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.

Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.

Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што  500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.

Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.

Ова што го прави Арсовска е само драматизација.  Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција.
 
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан