Влошена здравствената состојба на архиепископот на Албанија Анастасиос
- Здравствената состојба на архиепископот на Албанија Анастасиос, кој од минатиот петок е хоспитализиран, денеска драстично се влошила и префрлен е на Одделот за интензивна нега, каде што е приклучен на апарати, според соопштението од атинската болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 јануари 2025 (МИА) – Здравствената состојба на архиепископот на Албанија Анастасиос, кој од минатиот петок е хоспитализиран, денеска драстично се влошила и префрлен е на Одделот за интензивна нега, каде што е приклучен на апарати, според соопштението од атинската болница, јави дописничката на МИА од Атина.
На 30 декември, 95-годишниот поглавар на Албанската православна црква, бил превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3 декември во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство беше префрлен во болница во Атина, каде што го следи медицински тим. ср/