• понеделник, 23 декември 2024

Влијателен републиканец побара од Бајден да ја забрза продажбата на оружје за Израел

Влијателен републиканец побара од Бајден да ја забрза продажбата на оружје за Израел

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, републиканецот Мајкл Мекол, вчера го повика претседателот Џо Бајден да ги забрза испораките на оружје за Израел, вклучително и бомби од 2000 килограми кои биле задржани поради грижи за човековите права.

„Ве повикувам да дејствувате веднаш за да се осигурате дека сите испораки на оружје за Израел, вклучително и бомбите од 2.000 фунти, ќе бидат забрзани за поддршка на нашиот сојузник“, напиша Мекол во своето писмо до Бајден.

Мекол, кој ја надгледува целата странска продажба на оружје во САД како претседател на Комитетот, рече дека знаел и за повеќе од 10 други планирани продажби на оружје на Израел кои чекаат конечно одобрување повеќе од четири месеци и повика тие да се спроведат брзо. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан