Влезот во велешкото село Караслари ќе се реконструира
- Целосно ќе се реконструира влезот во велешкото село Караслари за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат наскоро,информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Велес, 9 март 2026 (МИА) - Целосно ќе се реконструира влезот во велешкото село Караслари за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат наскоро, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Инаку овој проект е еден од петнаесетте за Општина Велес, а за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата, во соработка со Министерството за транспорт.
- Со овој проект ќе се реши уште еден долгогодишен проблем и значително ќе се придонесе за развој на ова село. Рамномерниот развој на Општината е приоритет во работењето, потенцира Колев. ад/ев/
ФОТО: Општина Велес