Владина делегација по повод Денот на Републиката - Илинден положи цвеќе на трите спомен обележја во Смилево
- Со положување цвеќе на могилата на Даме Груев, на Споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на смилевскиот партизански одред, во демирхисарското село Смилево, владина делегација во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниоот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, оддаде почит на Смилевските Илинденци и партизани чија пожртвувана борба е вткаена во темелите на нашата државност.
Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Со положување цвеќе на могилата на Даме Груев, на Споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на смилевскиот партизански одред, во демирхисарското село Смилево, владина делегација во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниоот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, оддаде почит на Смилевските Илинденци и партизани чија пожртвувана борба е вткаена во темелите на нашата државност.
Највисоките државни почести, како што е наведено во соопштението на владината прес-служба, се одраз на сеќавањето на Смилевскиот конгрес, на кој била донесена конечната одлука за организирање и кревање на сенародно востание на целата територија на тогашна Македонија.
Со положувањето цвеќе на трите спомен обележја во Смилево, посета на меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес и пригодна културно уметничка програма, граѓаните и државниот врв денеска под мото „120 години Илинден - Огниште на татковината“, го слават големиот државен празник - Денот на Републиката 2 Август и Илинден. дма/
Фото: Влада на РСМ