Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје
- Делегација на техничката Влада денеска пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје положи цвеќе во чест и спомен на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционерен великан.

Скопје, 4 февруари 2024 (МИА) - Делегација на техничката Влада денеска пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје положи цвеќе во чест и спомен на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционерен великан.
-Делегацијата беше предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, како и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, соопшти владината прес-служба. ра/дма/
Фото: Влада