• сабота, 23 ноември 2024

Владиката Партениј доби на дар Воскресенска енколпија и митра

Владиката Партениј доби на дар Воскресенска енколпија и митра
Дебар, 30 април 2021 (МИА) - Во предвечерието на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, епископ г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир, доби на дар архијерејска рачна енколпија, што се носи заедно со жезолот на пасхалните богослужби и архијерејска митра. -Рачната енколпија на која е изобразено Воскресението Господово, му ја даруваа неговите духовни чеда и големи добротвори на нашата Обител, Иван и Сања Постоловски од Скопје, со следнава посвета: „Со љубов и почит на нашиот почитуван Епископ и Старец г. Партениј, кој во себе го носи блесокот на Воскресението“, информираше отец Кирил. Владичката митра, пак, целосно рачно изработена од вештите раце на сестрите монахињи од манастрот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица, кои ја везеа повеќе месеци, е дар од Станоја и Мери Станојоски од Кичево, коишто воедно му прочитаа на владиката пригодна посвета. -Примете го во знак на благодарност нашиот скромен дар - скромен затоа што Вие заслужувате многу повеќе. Бидејќи ние секогаш Ви натежнуваме и Ве заморуваме со нашите проблеми, сега сакаме само да Ви се заблагодариме. Ви благодариме за љубовта, за тоа што нè учите како да љубиме и проштаваме, за секоја утеха, за секоја прегратка, за секој Ваш збор со кој го сменивте и збогативте нашиот живот. Нека оваа митра блеска на Вашата глава, како што блескаат Вашите благослови и Вашата љубов кон нас грешните. Господ да Ве благослови и чува, Владико на нашите срца!“ стои во посветата. Деновиве владиката доби на дар филигранска архијерејска панагија, дар од семејството Каневче од Охрид изработена во техниката филигран и украсена со преубави македонски рубини, како и архијерејска енколпија со распетието Христово, од семејството Трајковски од Скопје. вт/аа/

Остани поврзан