• сабота, 23 ноември 2024

Влада: Уредбите донесени од 18 март досега, остануваат во сила и во периодот опфатен со новата одлука за вонредна состојба

Влада: Уредбите донесени од 18 март досега, остануваат во сила и во периодот опфатен со новата одлука за вонредна состојба
Скопје, 16 април 2020 (МИА) - Со одлуката на претседателот на Република Северна Македонија да прогласи вонредна состојба на целата територија на државата на истиот ден на кој измина периодот на претходно прогласената вонредна состојба, сите уредби со законска сила донесени од 18 март досега, остануваат во сила и во периодот што го опфаќа новата одлука за вонредна состојба, информира владината прес-служба.
Во таа насока, велат од Владата, согласно одлуката на претседателот на Република Северна Македонија, во сила остануваат сите уредби што го регулираат ограниченото движење на граѓаните, патниот и железничкиот сообраќај, што се однесуваат на нововоспоставениот режим на граничните премини и на меѓународните аеродроми во државата, уредбите што ги регулираат мерките за претпазливост за заштита од ширење на коронавирусот на јавните простори, во јавните институциите, во комерцијалните трговски објекти и во објектите на економските оператори во кои технолошките процеси не се прекинати, уредбите што ја утврдуваат работата во системите на здравствена заштита, за внатрешни работи и во Армијата на Северна Македонија, како сите други уредби што се донесени кои се однесуваат на сите мерки за справување со последиците од коронавирусот.
Владата апелира граѓаните и сите останати институции и правни субјекти да ги почитуваат донесените уредби со законска сила. сст/дма/
 

Остани поврзан