• вторник, 24 декември 2024

Влада: Обезбедени услови за германска инвестиција - електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Влада: Обезбедени услови за германска инвестиција - електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Во Република Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила e-go, откако Владата на денешната 68-ма седница обезбеди услови за мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отворат 3-4.000 нови работни места. Влада, како што информираат од владината прес-служба, на денешата 68-ма седница ја усвои информацијата и донесе одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“. - Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили, се вели во соопштението од владината прес-служба. Придобивките, се вели во соопштението, од оваа инвестиција се многукратни - од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании. аа/дма/

Остани поврзан