• петок, 20 декември 2024

Влада: Лажна вест се информациите дека има некакво вакцинирање на министри

Влада: Лажна вест се информациите дека има некакво вакцинирање на министри
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профилот Портпаролот на Владата. - Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи фотографија од објава на Антонио Милошовски на Фејсбук дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП вакцинација. Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале. аа/ац/

Остани поврзан