Влада: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион
- Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба, за негови службени потреби, и во период од две години, само за 4 патувања во соседството, информираат од Владата.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба, за негови службени потреби, и во период од две години, само за 4 патувања во соседството - информираат од Владата.
- Лицемерно е однесувањето на СДСМ и на лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно тоа го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите што произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери - посочуваат од Владата.вј/са/
Фото: МИА архива