• вторник, 24 декември 2024

Влада: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Влада: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Проверен факт: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

 

14 септември 

- Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа.

Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините.

Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост.

Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.

Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните.

 

Со почит,


Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото:Влада 

Остани поврзан