• четврток, 26 декември 2024

Владата одлучи да ги укине ковид-мерките, маските и натаму задолжителни во ЗУ, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари

Владата одлучи да ги укине ковид-мерките, маските и натаму задолжителни во ЗУ, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот фејсбук-профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Тој посочува дека одлуката на Владата следува по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава. - Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од Ковид-19, напиша Груби. Комисијата за заразни болести на состанок одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Комисијата сепак упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и  хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од Комисијата потсетија и дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, соопшти минатата недела Министерството за здравство. рп/

Остани поврзан