• сабота, 23 ноември 2024

Владата на Црна Гора ги ограничи маржите за повеќе од 500 артикли

Владата на Црна Гора ги ограничи маржите за повеќе од 500 артикли

Подгорица, 21 март 2024 (МИА) – Владата на Црна Гора донесе одлука за ограничување на маржите за повеќе од 500 артикли, како дел од планот за намалување на инфлацискиот притисок врз граѓаните.

Овие мерки ќе се применуваат два месеца, од крајот на март до крајот на мај.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека инфлацијата во Црна Гора е од „увозна природа“ и нагласи дека кога ќе се види дека трговците се договориле да ги ограничат маржите на ниско ниво, ќе се покаже дека тие не се виновни за инфлацијата, туку дека за тоа е виновна увозната цена.

- Со ова не се запира само порастот на цените, туку се намалуваат и цените на 500 артикли кои се најважни за животот на граѓаните, рече тој.

Спајиќ рече дека овие мерки ќе се реализираат во соработка со економскиот сектор.

Тој рече дека на овој начин ќе се намали инфлацискиот притисок врз граѓаните, а преку намалувањето на цените на основните производи ќе се помогне да се врати животниот стандард. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан