• вторник, 24 декември 2024

Владата на првата следна седница ќе определи средства за пожарите во Австралија

Владата на првата следна седница ќе определи средства за пожарите во Австралија
Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) - Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, порача денеска премиерот Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил. Тој нагласи дека Амбасадата на земјава во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата дијаспора. -Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата, истакна Спасовски. Информира дела Владата на РСМ на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите. -Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите, напиша премиерот на својот Фејсбук профил. ац/

Остани поврзан