Владата на Етиопија прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј
- Владата додаде дека е воведен прекин на огнот за да можат земјоделците да работат мирно и да се дистрибуира хуманитарна помош.

Адис Абеба, 28 јуни 2-21 (МИА) - Владата на Етиопија прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј, каде силите лојални на поранешните власти во регионот (ТПЛФ) го окупираа главниот град Мекеле.
„Едностран и безусловен прекин на огнот е прогласен денеска до крајот на земјоделската сезона“, се вели во соопштението.
Владата додаде дека е воведен прекин на огнот за да можат земјоделците да работат мирно и да се дистрибуира хуманитарна помош.
Во неколкумесечните судири меѓу силите на централната влада на Етиопија и дисидентските власти во Тиграј загинаа неколку илјади луѓе. зш/