• вторник, 24 декември 2024

Владата на Долна Саксонија до Шолц: Намалување на цената на струјата или ќе следи економски колапс

Владата на Долна Саксонија до Шолц: Намалување на цената на струјата или ќе следи економски колапс

Берлин, 18 јули 2023 (МИА) - Властите во германската покраина Долна Саксонија упатија драматичен апел до сојузниот канцелар Олаф Шолц, изразувајќи загриженост поради можен економски колапс.

Во писмото упатено до канцеларот Шолц, Владата на Долна Саксонија, заедно со деловните здруженија, синдикатите и општинските добавувачи на енергија, бараат итно намалување на цената на електричната енергија.

Во спротивно, како што наведуваат, „ќе има целосен економски колапс кој нема да може да се санира“.

„Доколку предлогот не се прифати, постои ризик од огромни загуби на работни места низ земјата и целосен неуспех на енергетската транзиција“, се вели во барањето испратено до Берлин. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан