• вторник, 24 декември 2024

Владата донесе Фискална и Стратегија за управување со јавниот долг за периодот 2022-2024

Владата донесе Фискална и Стратегија за управување со јавниот долг за периодот 2022-2024
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Фискална стратегија, како и Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2022-2024, со изгледи до 2026 година, се усвоени на денешната седница на Владата. -Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории на проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Клучните елементи на среднорочната фискална политика, појаснуваат, го претставуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискална консолидација, кои се во насока на поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија. -Редизајнирањето на буџетската политика е во тесна врска со стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, која е составена од четири столба: (I) економско заздравување од КОВИД-19, (II) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (III) зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и (IV) развој на човечките ресурси и еднакви можности, стои во соопштението. Во информацијата за усвоената Стратегија за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2022-2024 од Владата наведуваат дека една од основните цели на управувањето со јавниот долг е да се овозможи развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност, со што ќе се овозможи намалување на ризикот од рефинансирање на долгот, резистентност на екстерни шокови и обезбедување долгорочна одржливост на долгот.лв/мс/

Остани поврзан