• вторник, 24 декември 2024

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните
Скопје, 23 март 2020 На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата. Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови. Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден. Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден. Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година. Сектор за односи со јавноста Генерален секретаријат ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан