• понеделник, 23 декември 2024

Владата го одобри текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС

Владата го одобри текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС
Скопје, 30 декември 2020 (МИА) - Владата на денешната 36 седница го разгледа и усвои текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини против Ковид-19 преку КОВАКС системот и го овласти министерот за здравство да ја потпише во нејзино име. Текстот за финансиската гаранција во износ од 7.457.140 американски долари е усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), како нејзин корисник, и Комерцијална банка. Како што информира владината прес-служба, со заклучок по информацијата, на сединцата е разгледан и прифатен и текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа, што треба да биде склучен помеѓу Владата и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот Филипче од име на Владата да го потпише и овој Договор. сп/

Остани поврзан